Аудио maja-novakovic

6 мај, 2014

Маја Новаковиќ од X Factor ја објави својата прва песна

Иако го напушти натпреварот уште во втората емисија во живо, натпреварувачката на првото издание од регионалниот X Factor, Маја Новаковиќ вети дека нема да се откаже од музиката. Ќерката на познатиот српски музичар Луис во изминатиов период ја подготви својата прва песна насловена „То сам ја“ на која се потпишува и како автор на музиката и текстот, но со помош на Марко Луис и Петар Зоркиќ кои го направија аранжманот. За видео записот се погрижија Маја Миќевиќ (режија), Владимир Курќубиќ Јоја (асистент на режија), Александар Мијаловиќ Пага (директор на фотографија), Петар Бакиќ (камера) и Наталија Несковиќ (организација). Како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете во продолжение.

 

Заедно со останатите финалисти на X Factor, Маја ќе биде дел од големиот концерт кој ќе се одржи на 7 јуни во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.



Врати се горе ↑