Свет My Chemical Romance

27 октомври, 2012

Мај Кемикал Романс со два нови синглови

Американскиот алтернативен рок бенд неодамна го најави „заборавениот албум“. Заборавен затоа што материјалот кој ќе се најде на него е снимен уште во 2009 година, но дури сега ќе ја здогледа светлината на денот. Албумот ќе биде насловен „Conventional Weapons“, а ќе биде објавуван во етапи од октомври до февруари следната година. Како најавни синглови за овој албум се објавени песните „Boy Division“ и „Tomorrow’s Money“.

Веднаш по нив ќе следат „Ambulance“ и „Gun“ кои се најавени за 23ти ноември,  на 18ти декември ќе пристигнат и „The World Is Ugly“ и „The Light Behind Your Eyes“, на 8ми јануари ќе биде објавена „Make Room!!!, а серијалот завршува на 5ти февруари со песните „Surrender The Night“ и „Burn Bright“. Сите песни се снимени во 2009 година, кога го снимаа нивниот четврти студиски албум, но подоцна се откажаа од овој материјал и го изработија изданието „Danger Days: The True Lives Of The Fabulous Killjoys“, издадено во 2010 година.  Меѓутоа, пред извесно време на официјалниот блог на бендот, гитаристот Френк Иеро напишал дека на ова издание се наоѓаат некои од најдобрите песни кои ги напишале и дека ќе бидат претставени токму во овој облик, како албум во неколку продолженија. Додека се комплетира албумот, преслушајте ги новите синглови кои тукушто беа објавени.



Врати се горе ↑