Аудио maid-sheitans-pjesma-zmajeva-snapshot

13 мај, 2014

Маид Хеќимовиќ сними химна за босанската фудбалска репрезентација

Третопласираниот финалист од првото издание на регионалниот „Х фактор“, Маид Хеќимовиќ заедно со бендот „Шеитанс“ сними песна за поддршка на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина: „Момците од бендот ’Шеитанс’ ме прашаа дали би отпеал песна која ја напишал фронтменот на групата Дејан Ѓукиќ и јас прифатив бидејќи ми изгледаше интересно“ – изјавил Маид за српски „Телеграф“, додавајќи дека е голем љубител на фудбалот.

„Би сакал оваа песна да стане и официјална химна на нашата репрезентација, но ќе ги почекаме реакциите и одговорот на Фудбалскиот сојуз на БиХ. Сакам фудбал, а не сме го играле долго време, така што би било убаво ако имаме и една автентична навивачка песна“ – заклучил Хеќимовиќ, а како звучи „Пјесма Змајева“ можете да слушнете во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑