Балкан maid

15 април, 2015

Маид Хеќимовиќ ја сними својата прва песна

Финалистот од првата сезона на „Х фактор“, кој го освои високото трето место, Маид Хеќимовиќ конечно ќе ги израдува своите фанови со својата прва официјална песна. Популарниот пејач, кој минатата година сними химна за босанската фудбалска репрезентација, им ја соопшти веста на своите фанови на социјалните мрежи, објавувајќи фотографија од студио.

„Конечно!!! Денеска ја снимив мојата прва песна!! Нема да ви го откријам ниту насловот, ниту авторите, но мислам дека е многу добра и некако ја чувствувам со сето свое битие! Многу сум среќен! Премиера наскоро!“, напиша Хеќимовиќ, кој деновиве настапуваше низ повеќе градови во Македонија, а додека го очекуваме неговото првенче, да се потсетиме дел од неговите изведби на „Х фактор“.

И.Ј.



Врати се горе ↑