Македонија

13 јули, 2018

Магдалена Цветкоска наскоро со нова песна

По пауза од две години откако ја објави баладата „Плачат и најсилни“, Магдалена Цветкоска повторно ќе нè почести со нова песна. Мултиталентираната пејачка и авторка, чиј потпис стои на стиховите на огромен број хитови отпеани од нејзини колеги и колешки во Македонија и низ регионот, деновиве сподели фотографија откривајќи ги деталите за новиот сингл што се очекува наскоро.

Речиси сигурни сме дека станува збор за песна со нејзин текст, а со музика и аранжман на нејзиниот брат и редовен соработник Лазар Цветкоски, а сето тоа насловено „Ко да нема утре ден“ ќе биде визуелно заокружено од режисерот Даниел Јовески.

#newsong #newvideo #KoDaNemaUtreDen #comingsoon ❤️😘

A post shared by Magdalena Cvetkoska ENA (@magdalena_ena) on

#workworkwork #newvideo #shooting 🤗

A post shared by Magdalena Cvetkoska ENA (@magdalena_ena) on

Само за потсетување, македонската публика ја запозна Ена преку учеството во потрагата по соѕвездие на продукцијата „М2“ пред петнаесет години, од што произлезе и групата „Форплеј“, а подоцна следеше и почетокот на успешната соло-кариера. Нејзиниот долгоочекуван прв албум „Херој“ го претстави во 2012 година, сместувајќи ги на него сите дотогашни хитови како што се:  Ме боли“, „Без круна кралица“, „На врв и на дно“, „Учам од најдобриот“, како и соработките со ВрчакДНК и Дарко Илиевски.

Иако објавена пред 6 години, како најава за првенчето „Херој“, според неодамна објавените резултати на ЗАМП за најслушани песни во 2017 година, темата „На врв и на дно“ беше 4. најслушана македонска песна минатата година, па се надеваме дека овој успех ќе го повтори и новиот сингл што ќе го слушнеме наскоро.

И.Ј. / Насловна фотографија: Инстаграм



Врати се горе ↑