14 октомври, 2013

Магдалена Цветкоска Ена со херојски видео запис

Екслузивката на Горила Продукција, Магдалена Цветкоска Ена по една година од издавањето на својот албум „Херој“ сними видео запис за песната која го носи истиот наслов. Видео записот го изработи Горила Продукција во режија на Владимир Дади Ивановски, исто како и претходните два видео записи „Пепел“  и „На врв и на дно“, а автори на песната се Магдалена и Лазар Цветкоски.

Снимен е покрај кејот на реката Вардар близу до едно спортско игралиште во соработка со „Брејкалег“, кои се познати по својата хип-хоп школа, а како изгледа сето тоа можете да видите горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑