Балкан 17795756_1492361157449988_6884487668978954810_n

21 април, 2017

Магдалена Богиќ со химна за измамените девојки

Магдалена Богиќ на музичката сцена се појави како учесничка во втората сезона од регионалниот „Х фактор“, каде што го освои високото 5. место, по што следеше и првиот сингл „Није крај“. Талентираната Босанка потоа потпиша договор со хрватската издавачка куќа „Хит рекордс“, која се грижи за кариерата и на нашиот Давид Темелков, па на годинешниот Загребски фестивал се претстави со темата „Више од сна“.

А сега, со новиот сингл насловен „Не куцај“, Богиќ продолжува да го живее својот музички сон, а и пренесува една важна порака. „Песната е снимена за сите девојки, жени, кои барем еднаш биле измамени или на каков било начин биле повредени од страна на мажите. Секоја жена треба да има став и да биде одлучна во таквите ситуации“, вели таа.

Автори на новиот сингл се Дубравко Шимек и Роберт Меџуречан, кои ги потпишуваат стиховите и музиката, а аранжманот и продукцијата се на Миро Буљан. „Не куцај“ стигна заедно со видео запис снимен во Ријека и Пула. „Екипата пто снимаше беше фантастична, колку беше напорно, толку уживав. Прекрасно искуство, но и прекрасни градови кои долго ќе ги паметам“, заклучи Магдалена, а нејзината химна за измамените жени Ве очекува во продолжение. Уживајте!

Фотографија: Хрвоје Баниќ



Врати се горе ↑