Видео

27 јуни, 2019

Мадона со вознемирувачко видео за „God Control“

Мадона е позната по експлицитните и скандалозни видеа за своите синглови, но најновата визуализација за темата „God Control“ сигурно е највознемирувачката досега. Имено, уште во најавата за неодамна објавениот албум „Madame X“, но и на контроверзниот настап на „Евровизија“, очигледно беше дека 60-годишната ѕвезда има да ни порача нешто: „Разбудете се!“

Овој пат, со видеото за „God Control“, таа сака да ја разбуди, пред сè, американската јавност заради бројните вооружени насилства и масовни пукотници, кои особено изминативе години се случуваа во ноќни клубови, во средни училишта, дури и во градинки. Ваквите страотни сцени се и во новото видео, речиси реално опишувајќи ја актуелната американска хорор-приказна.

„Ова е вашиот повик за будење“, напиша таа на Инстаграм. „Насилството со огнено оружје најмногу ги погодува децата, тинејџерите и маргинализираните групи во нашите заедници. Во чест на жртвите, побарајте контрола на оружјето. Сега! Волонтирајте, донирајте, инсиститајте на разумна легислатива! Како уметник, сакам да ја искористам мојата платформа за да го привлечам вниманието на овој проблем што одзема невини животи. Оваа криза може да заврши ако нашите законодавци ги сменат законите за да нè заштитат сите!“

Како што споменавме, дел од сцените се вознемирувачки, па доколку одлучите дека сакате да го гледате, новото видео Ве очекува во продолжение.



Врати се горе ↑