Видео

22 јули, 2019

Мадона со новото видео ја слави музиката од Зелениот ’Рт

Мадона продолжува со промоцијата на материјалот од новиот албум „Madame X“, за кој уште минатата година откри дека е инспириран од музиката низ светот, особено од Португалија, каде што живее изминативе неколку години, а сега на ред дојде и видеото за темата „Batuka“. Имено, како што се објаснува во воведот од новото видео, станува збор за стил на музика што го создале жените на островската република и некогашна португалска колонија Зелен ’Рт, за која се вели дека е „родното место“ на трговијата со робови.

Тапаните им биле осудени од Црквата и биле одземени од робовите, бидејќи се сметале како чин на бунт. Жените продолжиле со нивните песни и танци, па батуката живее и денес“, пишува во воведот. Самото видео е снимено токму на Зелениот ’Рт, прикажувајќи ги убавините и културата на оваа островска држава. Заедно со Мадона пеат и танцуваат жените од оркестарот „Батукадеирас“, а како изгледа и звучи сето тоа, дознајте во продолжние. Уживајте!



Врати се горе ↑