Свет mdna

17 декември, 2012

Мадона со најуспешна турнеја за 2012 година

Турнејата MDNA на кралицата на поп музиката Мадона е најуспешната турнеја за 2012 година. Контроверзноста само ѝ помогна, колку што Мадона беше во медиумите, поради сите проблематични аспекти од нејзината нова турнеја, толку турнејата стана се повеќе популарна, за на крајот на годината да стане најуспешна турнеја од сите.

Со MDNA турнејата, Мадона(54) се искачи на врвот на Билборд лостата со заработка од 228 милиони долари, со што ја победи конкуренцијата, вклучувајќи ја и турнејата на Брус Спрингстин, кој е на второ место со 198 милиони долари. Од 9-ти ноември 2011 до 13-ти ноември 2012 година, пејачката одржала 72 потполно распродадени концерти.

Според Billboard.com листата на најуспешните музички турнеи за оваа година, топ 10 изгледа вака:

1. Мадона (228 милиони долари)

2. Брус Спрингстин и „The E Street Band“ (199 милиони евра)

3. Роџер Вотерс (186 милиони евра)

4. Мајкл Џексон: The Immortal World Tour by Cirque du Soleil (147 милиони евра)

5. Колдплеј (147 милиони евра)

6. Лејди Гага (124 милиони евра)

7. Кени Чејси и Тим Мекгреј (96 милиони евра)

8. Ван Хален (54 милиони евра)

9. Џеј-Зи & Канје Вест (46.9 милиони евра)

10. Андре Риу (46 милиони евра)

 

Целосната листа од 25 најуспешни турнеи за 2012 година можете да ја видите на Billboard.com

Во продолжение погледнете ја изведбата на познатиот хит „Vogue“ во Париз.

 



Врати се горе ↑