Видео madona

12 февруари, 2016

Мадона повторно доживеа незгода на сцена

На сите изведувачи им е познато непријатното чувство кога ќе се случи некаква непријатност на сцена, особено кога станува збор за незгоди со костимите. Но, се чини дека тоа малку почесто ѝ се случува на Мадона, која пред неполна година падна по скали на доделувањето на минатогодишните британски музички награди, настан кој се пренесуваше во живо во целиот свет преку сервисот Јутјуб.

Имено, популарната пејачка за влакно избегна уште еден посериозен инцидент, кога на неодамнешниот концерт во Бангкок го изведуваше познатиот хит „Material Girl“. Овој пат таа не успеа да се откачи од огромниот вел, кој најверојатно се закачи за нешто, но за среќа помина полесно и без повреди.



Врати се горе ↑