9 март, 2017

Мадона објави краток филм за Денот на жената

Кралицата на поп музиката реши на дамите да им го честите меѓународниот Ден на жената со краток филм. Снимен во соработка со фотографите и режисери Луиџи и Ландо и германскиот „Вог“ (Vogue), 12-минутниот филм го носи насловот „Her-Story“ и е посветен на „сите жени што се борат за слобода!“.

„Добредојдовте во револуцијата на љубовта, во одбивањето на жените да го прифатат ова ново доба на тиранија“, вели Мадона. „Ние не сме само жени, туку сме сите маргинализирани луѓе каде што да се биде уникатно различен може да се смета за злосторство.“

„Нејзината приказна“ можете да ја погледнете горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑