Свет ss-mdn

16 март, 2015

Мадона не му може ништо на Сем Смит

И покрај тоа што бројните фанови на кралицата на поп музиката со нетрпение го очекуваа нејзиното ново издание, албумот „Rebel Heart“ не успеа да дебитира на првото место на британската листа, бидејќи на врвот сè уште царува првенчето на Сем Смит – „In The Lonely Hour“. Младиот пејач, кој годинава триумфираше на доделувањето и на Греми и на британските музички награди, има двојна причина за славење бидејќи е сопственик и на најпродаваниот сингл во Велика Британија.

Имено, Смит неодамна ги здружи силите со колегата Џон Леџенд и за потребите на хуманитарната акција „Денот на црвниот нос“ (Red Nose Day) снимија дуетска верзија на баладата „Lay Me Down“, која веднаш ја зазеде водечката позиција на листата на најпродавани синглови. На второто место се најде темата „King“ на бендот „Јирс енд јирс“ (Years & Years), а третата позиција ја зазедоа Фло Рајда и Сејџ д Џеминај (Sage the Gemini) со хитот „GDFR“.

И покрај одличните критики, новиот албум на Мадона не успеа да дебитира на првото место на британската листа на најпродавани албуми, што ќе беше 12. по ред број 1 албум во нејзината кариера. Третото место му припадна на Ед Ширан и неговиот албум „X“, а веднаш по него се смести Ноел Галагер со својот бенд „Хај флајинг брдс“ и албумот „Chasing Yesterday“.

Листите на најдобрите 10 албуми и синглови во Велика Британија Ве очекуваат во продолжение.

Топ 10 албуми:

1. In The Lonely Hour – Сем Смит
2. Rebel Heart – Мадона
3. X – Eд Ширан
4. Chasing Yesterday – Ноел Галагер и „Хај флајинг брдс“
5. Wanted On Voyage – Џорџ Езра
6. A Perfect Contradiction – Палома Фејт
7. Lady Sings The Blues – Ребека Фергусон
8. 1989 – Тејлор Свифт
9. Royal Blood – Ројал блад
10. Sweet Soul Music – Оувртоунс (Overtones)

 

Топ 10 синглови

1. Lay Me Down – Сем Смит и Џон Леџенд
2. King – „Јирс енд јирс“
3. GDFR – Фло Рајда и Сејџ д Џеминај
4. Love Me Like You Do – Ели Гоулдинг
5. FourFive Seconds – Ријана, Канје и Пол Макартни
6. Take Me To Church – Хозиер
7. Earned It – Викенд
8. I Don’t Mind – Ашер и Џуси Џеј
9. Uptown Funk – Марк Ронсон и Бруно Марс
10. Hold Back The River – Џејмс Беј



Врати се горе ↑