Свет madonna

29 октомври, 2012

Мадона исвиркана во Њу Орлеанс

Кралицата на поп музиката, Мадона во саботата одржала концерт во главниот град на америчката држава Луизијана, каде што го поставила прашањето „Дали се регистриравте за гласање?“, а притоа искоментирала Не ме интересира за кој ќе гласате, сè додека тоа е Обама“, со што воопшто не ги одушеви присутните, а некои од нив почнале гласно да негодуваат, дури и го напуштиле концертот.

„Гласајте, немојте да ја земате таа привилегија здраво за готово“ им порачала Мадона на фановите. После сериите инциденти во Европа, поп кралицата наиде на проблеми и на настапите во Америка, кои се дел од актуелната турнеја „МДНА“, а нејзиниот избор да користи лажен пиштол во текот на настапот привлече негативни реакции во Колорадо, каде што летово имало пукање во кино додека се прикажувал филмот „The Dark Knight Rises“.



Врати се горе ↑