Аудио

10 мај, 2019

Мадона го претстави дуетот со Свеј Ли

„Crave“ е насловот на третата песна од новиот албум на Мадона, за кој 60-годишната ѕвезда ги здружи силите со својот 23-годишен колега Свеј Ли. Оваа соработка доаѓа по најавниот сингл „Medellin“ со Малума, како и по химната „I Rise“, а сето тоа ќе се најде на 14. студиски албум насловен „Madame X“, закажан за 14 јуни. Пејачката новиот материјал ќе го промовира и во рамките на истоимената турнеја, но овој пат во поинтимна, театарска атмосфера.

Како звучи соработката со Свеј Ли, дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑