Македонија

15 февруари, 2018

М-р Марко Маринковиќ – Слаткаристика

„Познатиот македонски артист, миленик на хип-хоп заедницата, музичар и бизнисмен, Марко Маринковиќ – Слаткар, магистрираше на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент на УТМС. Успехот на Слаткар во периодот кој следи ќе биде неминовно зголемен благодарение на знаењето стекнато на УТМС.  УТМС му го честита на Слаткар овој успех со надеж за бројни успеси и во иднина“, пишува во соопштението објавено на официјалната веб-страна на Универзитетот, заедно со фотографија од доделувањето на дипломите.

Популарниот музичар, заедно со својата сопруга Сања Николиќ, во февруари 2012 година ја основаше агенцијата „Иноватива груп“, преку која се организираат бројни настапи и проекти на самиот Слаткаристика, но и на други музички имиња од Македонија и регионот.

Тој во изминатиов период беше актуелен со синглот „Money/Маани“, кој го сними за потребите на бугарскиот филм „Привлечане“ (Привлечност), а сè уште е слуша и летниот хит „Терориста“. Честитки за Марко и од нас, му посакуваме уште многу успешни приказни!



Врати се горе ↑