Свет article_big_1256894829rhcp_red_hot_chili_peppers

2 јуни, 2013

„Лутите пиперчиња“ најавија нов албум

Ред Хот Чили Пеперс во моментов ја привршуваат турнејата на која го промовираат нивниот последен албум „I’m With You“, објавен во 2011 година. Но, како што пренесува магазинот Билборд, наскоро составот повторно ќе влезе во студио и ќе почне со работа на нов материјал: „Мислам дека ќе се собереме во септември и ќе почнеме да свириме заедно –  новите песни најчесто настануваат на тој начин“ – изјавил тапанарот Чед Смит.

Кога не свири во бендот со кој настапува во последните 25 години, Смит снима радио емисии во форма на подкаст за MusicRadar, а до сега во емисијата „Chad Smith in Conversation“, меѓу другите гостувале и Флоренс Велч, Стоун Госард од групата Прл Џем и Елтон Џон.

 



Врати се горе ↑