Балкан 11056894_429661343863100_4324827042532260194_n

9 март, 2015

Лукијан Ивановиќ освои Оскар за популарност

Додека вредно го подготвува својот втор сингл, финалистот од првата сезона на „Х фактор“, Лукијан Ивановиќ на неодамнешното доделување на Оскарите за популарност во Бања Лука (БиХ) доби признание за откритие на годината. Откако ја прими наградата и ја отпеа својата прва песна Све си мени, пејачот им се заблагодари на публиката нагласувајќи:

„Среќен сум и пресреќен што ја добив оваа награда со бројни познати пејачи, а најмногу што преполната сала ’Борик’ во Бања Лука ја пееше мојата песна ’Све си мени’. Кога публиката ќе ја прифати и ќе ја пее со вас песната, тоа е најдобриот показател дека тоа што го работите е добро. Тоа воедно е и мојата порака за сите млади кои годинава ќе се натпреваруваат на ’Х фактор’: Следете го своето срце и бидете упорни во остварувањето на своите соништа! Им посакувам многу успех на сите натпреварувачи во новата сезона од натпреварот!“

Додека го очекуваме новиот сингл на Лукијан, да се потсетиме на неговата прва авторска песна „Све си мени“, која пејачот ја објави во ноември минатата година.

Извор: xfactoradria.com/фотографија: Фејсбук



Врати се горе ↑