Балкан li-ap

14 јуни, 2014

Лукијан и Алекса ќе настапат на „Славјански базар“

Финалистите од првото издание на X Factor, Лукијан Ивановиќ и Алекса Перовиќ ќе настапат на претстојниот меѓународен фестивал „Славјански базар“,, кој ќе се одржи од 10-14 јули во Витебск, Белорусија. Алекса е првиот учесник од X Factor кој добил ваков ангажман и тоа благодарение на овој натпревар, а како што пренесуваат српските медиуми, на фестивалот ќе настапи со песната „Љубави“ од Жељко Јоксимовиќ.

Годинава за Македонија ќе настапи Димитар Андоновски, a дел од стручното жири е победникот на Евровизија во 2009 година, Норвежанецот Александар Рибак.

 



Врати се горе ↑