Балкан

19 јули, 2019

Лука Баси е новата регионална ѕвезда

Лука Баси, или Словенецот со хрватско срце, како што го нарекуваат словенечките медиуми, е новата регионална ѕвезда во подем. 26-годишниот пејач, чие лично име е Матеј Прикержник, потекнува од музичко семејство, а се прослави во 2016 година со учеството во емисијата „Словенија има талент“.

Како што кажува и самиот прекар во родната Словенија, Лука сите свои песни ги снима само на хрватски јазик. Неговата прва песна, „Нисам ја од јучер“, ја сними во дует со хрватскиот колега Јоле, а потоа следеа уште неколку соработки и самостојни песни.

Најновата насловена „Кад видин Бога уживо“, ја отпеа на годинашниот фестивал ЦМЦ во Водице, а како изгледа и звучи сето тоа, дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑