Видео 12188904_904750296275999_7550702220465177693_n

14 декември, 2015

Луиза Џонсон триумфираше на британскиот „Х фактор“

Викендов во Велика Британија се одржуваше финалето на 12. сезона на британскиот „Х фактор“, во која публиката навистина имаше тежок избор да го одбере својот фаворит бидејќи голем дел од кандидатите беа мошне добри. Сепак, на крајот триумфираше 17-годишната Луиза Џонсон од Есекс, оставајќи ги зад себе дуото Реџи и Боли, фантастичниот Че Честерман и Лорен Мари, за кои сме сигурни дека допрва ќе си го пронајдат местото на музичката сцена.

Како изгледаше нејзиното патешествие на овој популарен натпревар под менторство на пејачката Рита Ора можете да погледнете во продолжение, а веднаш потоа слушнете ги и другите фаворити, бидејќи имаме веќе многу докази, како што се „Уан дајрекшн“, Оли Мрс, Ела Хендерсон и минатогодишната вицешампионка Флер Ист, дека не мора да се победи за да се направи успешна кариера.

 

 

 

 

 

 

 



Врати се горе ↑