Видео lt-1d

17 ноември, 2014

Луис Томлинсон: „’Four’ е можеби последниот албум на ’Уан дајрекшн’“

Неодамна објавениот албум „Four“ на британската сензација „Уан дајрекшн“ е веќе прогласен за најзрелото издание на бендот досега, но Луис Томлинсон во интервју за „Метро“ изјавил дека тоа би можело да биде нивното последно издание: „Мислам дека деновиве ќе разговараме околу тоа дали сакаме да снимаме нов албум“, признал Луис, додавајќи: „А ако сакаме, можеби прво ќе одмориме некое време“.

Сепак, фановите не треба премногу да се вознемируваат затоа што момците не размислуваат да престанат со работа: „И понатаму сме бенд и тоа многу ни се допаѓа“, додал Томлинсон. Деновиве групата гостуваше во емисија на „Би-би-си“, каде што премиерно изведе уште една нова песна од актуелниот албум, а како звучи „Night Changes“ можете да слушнете во продолжение.

 

 

 



Врати се горе ↑