Аудио 1 Foto by LZ promo

9 јуни, 2014

„Лудите жени“ се огласија со уште еден сингл

Насловната тема од вториот студиски албум, „Армија лавова“ е новиот сингл на групата „Луди жени, која го привлече вниманието на јавноста со видео синглот „Моја драга“, песна за која соработуваа со доајенот Зоран Предин. „Армија лавова“ е петти сингл од албумот, а два од нив („Моја драга“ со Зоран Предин и „Лету че скоро крај“) добија и свои видео изданија.

„Идејата за песната настана кога некаде случајно налетав на познатата мисла на Наполеон, која гласи: Подобро е да се има армија магариња предводени од лав, отколку армија лавови предводени од магаре. Најлошото е, секако, да има куп магариња кои ги води ист таков или уште поголем. Мислам на магаре. Секаква сличност со нашата мајка Србија е случајна и е плод на чиста коинциденција. Исто така, им се извинувам на сите припадници на овие вредни и чесни животински видови, достојни за секаква почит“, изјави гитаристот Душко Цицвариќ по повод новиот сингл.

Екипата од Ужице со полна пареа работи и на новиот, трет по ред студиски албум, што потврдува и Душко: „Работиме вредно колку што се може и се надеваме дека сè ќе биде готово до почетокот на зимата.“

 

 



Врати се горе ↑