Аудио lude zene promo2

27 октомври, 2015

„Лудите жени“ пеат за „убавината на животот“ во Србија

Шест месеци по последниот сингл „Реци ми речи“, кој заедно со својот претходник „Далеко изнад моје лиге“ ги освои сите релевантни топ листи во земјата и регионот, и персонални промени, групата „Луде жене“ со својот издавач „Лампшејд медија“ ја претставува својата нова песна со едноставен наслов „За вас“.

„Во кратки црти песната може да се опише како блуз во џангл ритам, а зборува за тоа колку е ’убаво да се живее’ во Србија“, накусо прокоментира гитаристот на бендот, Радован Цицвариќ. 

Во песната „За вас“ со својот тромбон гостува познатиот белградски музичар Бодин, со кого „Лудите жени“ веќе соработувале и порано, а кога станува збор за продукцијата, и овој пат ја потпишува познатиот Саша Јанковиќ.

Групата од Ужице, која сега делува како квинтет, наскоро ќе започне со концертни активности, а сите новости можете да ги дознаете преку нивната фан страница на Фејсбук.

 



Врати се горе ↑