Видео

3 април, 2018

„Лудата романтика“ на Слаткаристика стигна до Африка

На сите ни е познато дека музиката не познава граници, па затоа и совладувањето на непознат јазик не претставува пречка да се ужива и пее една песна. Нам Македонците секогаш ни претставува особена чест и задоволство кога ќе слушнеме странец да пее македонска песна, а можеби уште поинтересно е кога странецот е од друга раса.  Токму затоа, особено внимание привлече и Рон Холси, кој минатата година заедно со Тијана ја отпеа народната „Јовано, Јованке“.

Сега имаме уште една преработка на македонска песна, но овој пат стилски поблиска до црнечката култура. Имено, младо момче со псевдонимот Блек Бој (Blakbuoy) направи своја верзија на актуелниот хит на Слаткаристика, „Луда романтика“, кој популарниот хип-хоп артист го претстави на Денот на жената – 8 март.

„Братот од Африка научил македонски… капа долу! Црнец препознава црнец“, напиша Слаткаристика споделувајќи го видеото од преработката, а како звучи сето тоа слушнете во продолжение.

 

За жал, не можевме да откриеме од каде точно доаѓа Блек Бој, но според фотографиите на неговиот профил на Инстаграм, каде што преовладуваат македонски пејзажи, тој подолг период престојувал (или претстојува) во Македонија.



Врати се горе ↑