Свет Ludacris and Kelly Rowland

18 октомври, 2012

Лудакрис и Кели Роланд на снимање

Уште кон крајот на летото беше најавена соработката на раперот Лудакрис и поранешната членка на триото Дестинис Чајлд, Кели Роланд. Песната која носи наслов „Representin’” е вториот сингл од новиот албум на Лудакрис насловен “Ludaversal” кој е најавен за почетокот на 2013 година.

Деновиве Лудакрис и Кели се на локации снимајќи видео запис за нивната заедничка песна. На профилот на социјалната мрежа Твитер, Лудакрис ги почести неговите фанови со фотографии од снимањето.  Откако се распадна популарното трио, Кели Роланд започна со соло кариера, па на почетокот на месецов таа го откри насловот на својот четврт студиски албум со наслов „Year of the Woman” (Година на жената).

На нејзината официјална веб-страница таа пишува дека е многу возбудена и дека едвај чека да го промовира албумот. Дуетот со Лудакрис кој веројатно ќе се најде и на двата албума, веќе е голем хит, а според коментарите од фановите, со нетрпение се очекува и неговото видео издание.



Врати се горе ↑