Аудио Vladimir Cetkar2

16 август, 2013

„Lucky Pair“ е новиот сингл на Четкар

Оваа недела во македонскиот етер ќе биде пуштен најновиот сингл на Владимир Четкар, „Lucky Pair“. Ова е втор сингл после „Heavenly“, кој ќе се најде на најновиот албум на Четкар закажан за крајот на септември. „Lucky Pair“ е комплетно авторско дело на Четкар, кој се појавува како композитор, аранжер, продуцент, диригент, главен вокал и гитарист, а исто така ги пее и сите придружни вокали. Делото е снимано во Менхетен, Њујорк во Dubway studios со целосна жива инструментација (гудачи, дувачи и ритам секција).

Четкар продолжува со настапи низ Македонија, а покрај родниот град, во рамките на неговата летна турнеја се опфатени и Битола, Гевгелија и Скопје. Во продолжение слушнете како звучи „Lucky Pair“.

 



Врати се горе ↑