Македонија default

25 октомври, 2012

Лозано за Евровизија 2013?

Според неофицијални информации, веќе се познати имињата на кандидатите за следниот избор за песна на Евровизија 2013. Најголемиот музички спектакл ќе се одржи во Малме, Шведска во средината на мај следната година, а според неофицијалните извори, најсериозен претставник за Македонија е поп пејачот Влатко Лозаноски. 

Доколку Македонската Радио Телевизија се одлучи самостојно да избере претставник, како што тоа лани го направи со Калиопи, тоа значи дека во текот на следниот месец веќе официјално ќе го дознаеме името на претставникот. Но, ако повторно се воведе стариот систем на гласање на повеќе изведувачи од страна на гледачите и жирито, претставникот ќе го дознаеме дури во февруари, следната година.  Наскоро ќе се дознае веродостојноста на овие информации.



Врати се горе ↑