Галерија Vlatko Lozanoski - Mandarina  (1)

16 јуни, 2014

Лозано во потрага по девојката со вкус на „Мандарина“

По кратка музичка пауза, Влатко Лозаноски се враќа со нешто ново и свежо. „Мандарина“ е новата песна на Лозано што ветува да го збогати летото и да биде вистински домашен хит. Со брз и динамичен поп ритам, романтична лиричност, сензуалност и емоции со кои е исполнет секој стих од песната Влатко е во потрага по девојката со вкус на мандарина.

Особено сум задоволен од песната, а со финализирањето на спотот ќе добиеме одличен производ. Мандарина е песна што разиграноста на љубовниот занес го има вткаено во ритамот, во текстот и токму затоа очекувам да биде вистински летен хит. Со нетрпение ги очекувам реакциите на фановите, затоа што многу време, емоции и труд вложивме во нејзиното создавање. Промоцијата на песната и спотот ќе биде за многу скоро време затоа што летото веќе започна, а оваа песна е мојот подарок за сите вљубеници во убавиот разигран ритам“, изјави Влатко Лозановски.

Песната е правена според музиката и аранжманот на Лазар Цветкоски, додека пак текстот е потпишан од Магдалена Цветкоска и Милан Миланов Коса.

Во моментов се работи на постпродукцијата на видео записот за „Мандарина“ која ќе биде потпишана од Горила продукција, а како режисер на спотот е Огнен Шапковски. Влатко и неговиот тим изминатата недела го снимаа спотот. Како локации за оваа љубовна приказна беа избрани градовите Охрид и Струга, каде се снимаше на неколку атрактивни локации.

За сите активности фановите на Лозано може да ја следат неговата фан страна на социјалната мрежа Фејсбук  www.facebook.com/LozanoMacedonia



Врати се горе ↑