Видео

1 август, 2019

Лозано со нов сингл пред утрешниот концерт во Охрид

Влатко Лозаноски денеска промовира нов сингл со наслов „Не те вадам од памет“, како одлично загревање за утрешниот голем концерт што ќе го одржи на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Изведувачот на најслушаните хитови изминативе две години и овој пат ги здружи силите со долгогодишните соработници Лазар и Магдалена Цветкоски, а сето тоа визуелно го дополни Даниел Јовески.

Во видеото за новиот летен хит на Лозано друштво му прави Мартина Михајловска, а како изгледа и звучи „Не те вадам од памет“, дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑