Концерт

4 јули, 2019

Лозано со голем концерт на Илинден во Охрид

Големиот празник Илинден секогаш е исполнет со музика, особено во нашиот туристички бисер Охрид, каде што годинава на 2 август на стадионот „Билјанини извори“ ќе ечат песните на македонската ѕвезда Влатко Лозаноски. Кичевскиот славеј, кој пролетва го одржа својот прв голем концерт во Скопје, по повод 10 години кариера, на Илинден ќе пречека уште поголем број љубители на неговите хитови.

„Со нетрпение чекам да Ве видам и да пееме заедно во еден глас. Се гледаме на втори“, напиша Лозано споделувајќи ја веста за концертот што го организира продукцијата „Прагма“.

Драги мои, на 2-ри август (петок), на големиот празник #Илинден, во #Охрид, со задоволство Ви го најавуваме мојот…

Gepostet von Lozano – Vlatko Lozanoski am Donnerstag, 4. Juli 2019

 

Влатко е првата македонска ѕвезда, покрај сите балкански и светски, која ќе одржи концерт на овој стадион. Организаторите најавуваат специјални гости, изненадувања и организиран превоз од сите градови. Билетите ќе бидат пуштени во продажба од утре на сите продажни места на „Купи карти за сѐ“, во „Југотон“, во цвеќарницата „Розе“ и на охридскиот плоштад по цена од 350 денари до 18 јули.

Лозано на Илинден во Охрид! Ова лето ќе се памти!



Врати се горе ↑