Македонија DSC_0010

14 февруари, 2013

Лозано сними видео запис за „Ако не сум тој“

Ексклузивецот на План Б продукција и наш годинешен претставник на Евровизија, Влатко Лозаноски- Лозано деновиве го заврши снимањето на видео записот за баладата „Ако не сум тој“, која се наоѓа на неговиот втор албум „Преку седум мориња“, а е авторско дело на хитмејкерот Лазар Цветкоски. Мавровското езеро и стан во Скопје се двете локации на кои се работеше спотот чии што први кадри беа снимени во текот на летото.

„Ако не сум тој“ е една од моите омилени песни од вториот албум и задоволство ми е што баладата ќе добие и своја видео приказна. Сигурен сум дека тимот на Егзит Б Продукција ги долови емоциите кои преовладуваат во песната и мислам дека крајниот производ ќе и се допадне на публиката“ – изјавува Лозано.

Видео записот ќе биде промовиран за неколку дена, а покрај снимањето на спотот Лозано деновиве активно се подготвува за претставување на песната пред македонската јавност која тој и Есма ќе ја испеат на Евровизија 2013 во Малме- Шведска.

Додека го очекуваме видео записот, уживајте со одличната балада „Ако не сум тој“.

 



Врати се горе ↑