Македонија Lozano_7

6 март, 2013

Лозано отпеа песна за ФК „Напредок“ од Кичево

Нашиот евровизиски претставник за годинава, Влатко Лозаноски Лозано, кој е еден од најпознатите кичевчани, својата љубов кон родниот град и ФК „Напредок“ ја искажа и преку песна. Химната која ќе се пее на секој натпревар на овој фудбалски клуб го носи насловот „Напред Напредок“, текстот заедички го потпишуваат Влатко со Милан Миланов и Лазар Цветкоски, кој ги направи музиката и аранжманот и свири на гитара и бас, додека придружните вокали се на Магдалена Цветкоска, Лозано и Лазар Цветкоски.

Извор: kicevo.mk

 

 



Врати се горе ↑