15 јули, 2016

Лозано нè почести со нова „Бонбона“

Како што ви пренесовме неодамна, Влатко Лозаноски периодов работеше на својот нов летен хит, кој штотуку стигна заедно со видео запис. Станува збор за темата насловена „Бонбона“, чии автори се Лазар Цветкоски (музика, аранжман, микс), Магдалена Цветкоска и Милан Миланов (текст), а мастерингот го направи Раде Врчаковски – Врчак. 

Видео записот, пак, е дело на „Горила филмс“, а покрај Лозано се појавува и балерината Мила Ниновска, како и Александра Азманова и Симона Моралес. Како изгледа и звучи „Бонбоната“ на Лозано можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑