Македонија Лозано

27 јуни, 2016

Лозано наскоро ќе нè почести со „Бонбона“

Во изминативе неколку години веќе се навикнавме на летните освежувања од Лозано, па после одличните „Нема ден, нема ноќ“, „Мандарина“ и „Како тебе нема друга“, како и сè уште актуелната „Жена како ти“, талентираниот кичевчанец наскоро ќе нè почести со „Бонбона“.

Пејачот ги најави новата песна и видео запис со фотографија на социјалните мрежи, а додека го очекуваме неговиот нов летен хит, уживајте со латино верзијата на евровизиската „If I Could Change The World“!

 



Врати се горе ↑