5 септември, 2016

Лозано најави нова песна и нè почести со прекрасна изведба на „Жена како ти“

Се чини дека Влатко Лозаноски повторно почна поинтензивно да работи на нов материјал, па после хитовите „Жена како ти“ и „Бонбона“, наскоро можеме да очекуваме нешто ново од талентираниот кичевчанец. Имено, на својата страница на Фејсбук, пејачот сподели видео од студио, каде што за време на паузата ја свири и ја пее неговата „Жена како ти“, воедно најавувајќи нова песна.

лозано

Поминаа цели четири години откако беше објавен неговиот вториот студиски албум „Преку седум мориња“ (2012), па се надеваме дека нема уште долго да чекаме на неговиот наследник!

 



Врати се горе ↑