6 јули, 2017

Лозано има „Лето што ќе се памти“

Влатко Лозаноски го претстави видео записот за неговиот најнов сингл насловен „Ова лето ќе се памти“, кој веќе месец дена се врти во радискиот етер. Популарниот кичевчанец, кому веќе му премина во навика да објавува само летни хитови, и овој пат соработуваше со братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветкоски, а видеото е во реализација на битолската продукција „Веста“.

„Секое лето се памти по нешто добро, по нешто убаво, лето кое никогаш не се заборава … ’Ова лето ќе се памти’ им ја подарувам на сите оние кои имале, имаат и ќе имаат убаво и незаборавно лето. Веќе подолго време оваа нумера се вртеше по радиостаниците низ цела Македонија. Очекувам и се надевам дека целиот овој пакет ќе им се допадне на сите оние кои ја почитуваат и слушаат мојата музика“, вели Лозано, кој во видеото е во придружба на Ана Трајковска, а како изгледа сето тоа можете да видите горе. Уживајте!



Врати се горе ↑