Македонија

2 октомври, 2018

Лозано и „Некст тајм“ ќе го заокружат 10-годишното пријателство со дует

Освен што во приближно исто време се појавија на македонската музичка сцена, Влатко Лозаноски и братското дуо „Некст тајм“ прославуваат и 10 години пријателство, па по тој повод музичарите одлучија да ги здружат силите и во заедничка песна. Тие неодамна споделија фотографија од заедничката дружба, на која веројатно и падна договорот за новиот проект, а вчера и официјално потврдија за што точно станува збор.

View this post on Instagram

10 years friendship !!! @martin_filipovski @vlatkolozanoski

A post shared by Stefan (@stefan_filipovski) on

Имајќи го предвид огромниот успех што го постигнаа со нивните последни хитови, навистина нè израдува фактот што нивниот прв заеднички проект ќе биде дуетска верзија на импресивната „Ја излези Ѓурго“, со која Стефан и Мартин нè воодушевија пред неколку години, па кога на сето тоа ќе го додадете Лозано, може да биде само уште подобро.

View this post on Instagram

Gjurgjo duet so Vlatko #comingsoon 😜 🤐 Muchacos

A post shared by Stefan (@stefan_filipovski) on

Откако ја претставија и „Слушам кај шумат шумите“, „Некст тајм“ открија дека би сакале да снимат и цел албум со преработки на македонски изворни песни, во што им помага маестро Никола Мицевски. Лозано, пак, сè уште е актуелен со најновиот летен хитЈако, јако“, кој следеше по велигденската „Километри“, и двете најава за долгоочекуваниот, 3. по ред студиски албум симболично насловен „Десет“.

Тој откри дека 10-годишниот јубилеј планира да го круниса и со голем концерт, па се надеваме дека официјална потврда ќе добиеме наскоро.



Врати се горе ↑