Концерт 10505324_770351009683155_7064942179646413357_n

23 јули, 2014

Лозано и Диме со заеднички концерт во Охрид

Долгогодишните пријатели, колеги и соработници  Влатко Лозаноски- Лозано и Димитар Андоновски во вторник, 29 јули, ќе одржат заеднички концерт во Охрид. Настанот со почеток од 22.30 часот ќе се одржи на плажата „Кадмо“, а посетителите ќе имаат можност да уживаат и во еден глас да ги пеат познатите хитови како што се „Ова небо знае сè“, „Ако ме боли“, „Месечина“, „Добро ме познаваш“, „Ми зеде сè“ од Диме, како и „Нема ден, нема ноќ“, „Сонце не ме грее“, „Блиску до мене“, „Нема да е крај на свет“, „Мандарина“ и многу други од Лозано.

Лозаноски, кој во моментов е актуелен со неговиот последен хит „Мандарина“, по концертот во Охрид има уште 2 настапи низ Македонија кои се закажани за 19 август на плоштадот во Крушево и на 24 август на „Пиволенд“ во Скопје. Андоновски, пак, е актуелен со неодамна издадениот деби албум „Ова небо знае сè“, новиот сингл и видео запис „Само тоа го можеш ти“, како и победата на „Сунчане скале 2014“ и учеството на Меѓународниот фестивал „Славјански базар“ во Витебск, Белорусија. Неговите изведби на баладата „Ако ме боли“ (39 минута) и „Feeling Good“ (44 минута) можете да ги погледнете во продолжение.



Врати се горе ↑