Македонија 600534_10201674953454817_1340939276_n

16 јули, 2013

Лозано и Анета снимија видео запис

Дуетот „Со тебе поубав е денот“ кој заеднички го отпеаја Влатко Лозаноски Лозано и битолчанката Анета Мицевска од групата Молика деновиве доби и свој видео запис, кој се снимаше на неколку локации во Охрид, а го реализираше Ин Продукција.

Песната чиј текст го потпиша сестрата на Лозано, Марија Лозаноска, а музиката и аранжманот и направи Лазар Цветкоски, се најде на последниот албум на Влатко насловен „Преку седум мориња“. Видео записот премиерно ќе биде прикажан на австралиската ИНТВ.

Додека го очекуваме видео записот, во продолжение уште еднаш слушнете го одличниот дует на Лозано и Анета.

 



Врати се горе ↑