Македонија Lozano_11

14 ноември, 2012

Лозано и Анета номинирани за музички Оскар

Ексклузивецот на План Б Продукција, Влатко Лозаноски- Лозано утревечер ќе биде дел од еден од најголемите регионални музички настани „БХ музички Оскар“ кој ќе се одржи во салата Мејдан во Тузла, Босна и Херцеговина. Градот на солта ќе биде домаќин на 11-то издание на најголемата манифестација во БиХ за која организаторот вели дека ќе биде спектакл за кој долго ќе се зборува. Манифестацијата е позната по тоа што секоја година ги собира најголемите музички имиња од Балканскиот простор, а наградите се доделувани на најдобрите изведувачи на поп-рок и етно-фолк музиката во сите музички категории.

 „Огромна чест ми е што сум номиниран за овогодишниот музички Оскар во Босна и Херцеговина. Ова е една голема манифестација и навистина сум среќен што ќе се најдам во друштво на големите музички ѕвезди од регионот кои зад себе имаат долгогодишна кариера“ – вели Лозано.

Оваа година „БХ музички Оскар“ ќе има 30 номинации, од кои 20 награди ќе отидат во рацете на естрадните уметници, а 10 награди на личности од културно-јавниот и политичкиот живот кои дале свој придонес во музичката сцена на БиХ и во музиката воопшто.
Меѓу номинираните се:  Хари Мата Хари, Младен Војчиќ Тифа, Халид Бешлиќ, Ханка Палдум, Елвира Рахиќ, Ивана Селаков и многу други, а од Македонија покрај Лозано номинирана е и Анета Мицевска од групата Молика, која по четврт пат пат е добитник на овој Оскар.

 

 



Врати се горе ↑