Видео

18 април, 2018

Лозано ги откри плановите за славеничкиот концерт

Со новиот сингл „Километри“, за кој веќе може да се каже дека застана рамо до рамо со традиционалната велигденска песна на Џокси, Влатко Лозаноски го најави своето трето студиско издание насловено едноставно „Десет“, по повод одбележувањето 10 години од почетокот на неговата кариера. Ние веќе претпоставивме дека ваков јубилеј мора да се круниса и со еден голем концерт, а токму тоа го потврди и самиот кичевчанец во неодамнешен разговор со „Стисни плеј“.

„Промоцијата на албумот ќе биде наскоро, а некаде после летото очекуваме да го направиме и тој голем концерт“, рече Лозано, чиј прв самостоен концерт се одржа во 2012 година на ракометното игралиште во Битола, каде што го заврши своето средно музичко образование и каде што започна неговото музичко творештво.

За новата велигденска химна, пак, откри дека подолго време сакал да направи песна поврзана со некој голем празник, а дополнително емотивна ја прави и темата за раселените Македонци и низ земјава и во странство, на кои родната грутка и семејството најмногу им недостасуваат во празничните денови. Повеќе детали околу промоцијата и славеничкиот концерт очекуваме наскоро, а целиот разговор со „Стисни плеј“ погледнете го во продолжение.

Влатко Лозаноски за новиот хит „Километри“ !

За убав ден ве поздравуваме со прекрасната „Километри“ на Влатко Лозаноски, а се радуваме и на убавите вести што Лозано ги сподели со нас за новиот албум „Десет“и за концертот коишто може да ги очекуваме наскоро !

Gepostet von Stisni Play am Mittwoch, 18. April 2018

И.Ј.



Врати се горе ↑