Аудио 12734030_917912228329837_6747282456545874580_n

15 февруари, 2016

„Love You Right“ – одлична соработка на Виктор со британскиот продуцент Синовокс

Како подарок за Денот на вљубените, Виктор Апостоловски вчера нè израдува со уште една одлична песна, овој пат во соработка со младиот британски продуцент Синовокс (Cinovox).

„Пред неколку години, дружејќи се на еден меѓународен натпревар по музичка продукција, на кој го освоив 5. место од 1.500 натпреварувачи, покрај безбројните комплименти што ги добив, направив и многу контакти околу светот. Еден од тие контакти беше и Синовокс. Tој беше првиот што изрази воодушевување од моите гласовни и продукциски способности и ми предложи соработка. Откако ја слушнав музиката што ја направил, и го осетив духот на песната, седнав, напишав текст, ја досредив музиката, и ја добивме песната ’Love You Right’.  

Најинтересниот момент е што, откако ја направивме, се договоривме да се видиме на скајп за да договориме како ќе снимаме спот. И кога приклучив скајп, на другата страна стоеше 15-годишно дете, а тоа не беше пред повеќе од 3 години. За жал, во целиот овој период не успеавме да снимиме спот, па голема е веројатноста оваа пролет песната да добие и видео запис! Веќе ја има на сите водечки светски платформи, освен Ајтјунс, на која чекаме одобрување“, вели Апостоловски.

„Love You Right“ е навистина одлична денс нумера, која сигурно ќе му помогне на Виктор полека, но сигурно да се пробие на светската сцена, а како звучи сето тоа слушнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑