Видео

12 октомври, 2018

„Love You Anymore“ е новиот сингл на Мајкл Бубле

Откако своето враќање на сцената го најави со одличната преработка на евергринот „When I Fall In Love“, Мајкл Бубле сега го претстави и првиот официјален сингл од претстојното, осмо по ред студиско издание насловено едноставно „Љубов“. Станува збор за сосема нова песна, потпишана од неговиот помлад американски колега Чарли Пут.

„Уште првиот пат кога ја слушнав ’Love You Anymore’, веднаш знаев дека морам да ја снимам и да ја ставам на новиот албум. Едвај чекам моите обожаватели да ја слушнат! Всушност, едвај чекам да го слушнат и целиот албум бидејќи навистина сум горд на сè што создадовме овој пат“, изјавил канадскиот пејач за новото издание, кое ќе пристигне на 16 ноември, а како изгледа и звучи „Love You Anymore“ дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑