Аудио

23 март, 2015

„Love Song“ е новиот сингл на тетовците „Скајрајз“

Тетовскиот состав „Скајрајз“, кој на 3 април концертно ќе го промовира материјалот од својот прв албум, денеска го претстави новиот и последен сингл од првенчето „To Unknown“. Станува збор за темата насловена „Love Song“, којашто можете да ја преслушате во продолжение.

 

На нивниот прв самостоен концерт во МКЦ ќе гостува битолскиот бенд „Гаврнмент“, како и Јана Нарајана (Yana Narayana) со нејзиниот бенд.

 

Насловна фотографија: Јовица Рафајловски



Врати се горе ↑