Аудио

2 јули, 2019

„Love Me Hate Me“ е новиот хит на „Ај кју“

„Ај кју“ го продолжуваат походот за освојување на светската сцена, а штотуку објавениот сингл „Love Me Hate Me“ e најнов во низата хитови на англиски јазик, особено после минатогодишниот евровизиски сингл „Lost And Found“. Она што особено може да се забележи во новата песна е влијанието на британскиот звук, што сигурно е резултат од нивниот претстој во Лондон, а токму таму денеска ќе се случи и премиерната изведба во живо.

Дуото изминатиов период беше актуелно и со синглот „Dancin’“, како и со бројните гостувања ширум светот, во рамките на евровизиската турнеја низ Европа и Асвтралија. Дали токму „Love Me Hate Me“ ќе успее да ги лансира на престижната британска топ-листа, а и да им биде и мост до другата страна на Атлантикот, ќе дознаеме во периодот што следува.

И.Ј.



Врати се горе ↑