Настани ники - лф

19 мај, 2016

„Лост фрикуенсис“ специјален гостин на Ники Ромеро во Охрид

Уште пред крајот на минатата година, „Авалон продукција“ најави дека Македонија ќе го дочека Илинден во Охрид со Ники Ромеро, а како специјален гостин на спектакуларниот настан ќе настапи белгискиот хит-мејкер „Лост фрикуенсис“.

„Поради големината на проектот, одлучивме двајцата топ диџеи на фестивалот ’Tommorowland’ да настапат на градскиот стадион ’Билјанини извори’ во Охрид, со голема продукција, по сите светски стандарди“, велат од „Авалон“.

13256264_1279144602113564_4248208087960770234_n

Творецот на двата најголеми летни хита „Are You With Me“ и „Reality“, кои ги покорија речиси сите светски топ листи, за прв пат ќе настапи пред македонската публика со специјален 90-минутен сет. Станува збор за хитови кои заедно бележат преку 200 милиони прегледи на Јутјуб и се наоѓаат меѓу десетте најслушани песни изминатата година, според податоците од сервисите Шазам, Спотифај…, каде што белгискиот продуцент Феликс д Лает (Felix De Laet), како што му е полното име, се најде во друштво со хитмејкерите како што се Виз Калифа, Ели Гоулдинг, Кајго и Федер.

 

Сите информации околу влезниците ќе бидат објавени вечерта на 5 јуни на Градскиот стадион, за време на настапите на Дејвид Гета и Робин ШулцОва несомнено ќе биде настан за паметење и уникатна музичка авантура за сите фанови од Македонија и од Балканот – Ники Ромеро и „Лост фрикуенсис“ на 1 август во Охрид. Не пропуштајте!



Врати се горе ↑