Балкан

14 мај, 2018

„Лошите печурки“ првпат екранизираа балада

Загрепскиот ретро хард-рок бенд „Бед машрумс“ (Bad Mushrooms) го објави своето седмо видео, што воедно е и прва нивна екранизација за балада. Станува збор за темата „Сањам да си ту“, чие видео го изработи Горан Мандиќ – Лименикс, со кого бендот соработувал и за визуализациите на песните „Демони“ и „Вријеме промјена“. Тој и овој пат беше снимател, режисер и монтажер на видеото, а автор на музиката е Јан Томашевиќ, додека стиховите се на Горан Оџаклиески.

Фотографија на Bad Mushrooms.

Во аранжирањето на оваа балада учествуваа сите членови на бендот, а миксот, мастерингот и комплетната продукција ја направи гитаристот Иван Домаќиновиќ. Сниматели на песната се: Игор Миловчиќ, Марко Тизај и Иван Домаќиновиќ, а со своите придружни вокали ја разубави Ана Патачко.

Pred vama je naš novi spot! Ovoga puta nešto drugačije. Prvi spot za neku baladu. U izradi spota ponovno smo surađivali…

Gepostet von Bad Mushrooms am Sonntag, 13. Mai 2018

 

„Лошите печурки“ се: Домагој Олујиќ (вокал), Иван Домаќиновиќ (гитара), Јан Томашевиќ (оргуљи, клавијатури), Вања Индир (бас) и Горан Оџаклиески (тапани и удиралки). Како звучи и изгледа нивната балада „Сањам да си ту“, дознајте во продолжение, а за сите новости следете ги на официјалната фан-страница на Фејсбук, како и на Бендкемп.



Врати се горе ↑