Свет Lauryn Hill - Doo Wop

27 април, 2013

Лорин Хил најави нов материјал

Поранешната членка на триото „Фуџиз“, Лорин Хил (37) деновиве напиша отворено писмо на нејзиниот профил на Tumblr, кој главно се однесува на неплаќањето на данок за приходот од 1.8 милиони долари стекнат во средината на минатата деценија, спор во кој се изјаснила за виновна. Но, таа и понатаму не сака да го плати данокот, за кој смета дека е „конфликт помеѓу уметноста и трговијата“.

„Беше пренесено дека потпишав нов договор за снимање и дека го направив тоа за да си го платам данокот. Да, неодамна потпишав спогодба со Sony Worldwide Entertainment за лансирање на нова етикета под која ќе биде издаден мојот нов материјал“ – напишала таа, додавајќи: „И да, работам на нов материјал.“

Хил одамна нема претставено нов материјал – нејзиниот деби соло албум „The Miseducation of Lauryn Hill“ го издаде во 1998 година, кој доби пет Греми награди и до сега е продаден во повеќе од 10 милиони примероци. За договорот со Сони, таа изјавила дека го потпишала за да ги плати заостанатите долгови, но и да ја изрази нејзината креативност. Додека очекуваме ново музичко парче од Лорин, да се потсетиме на нејзиниот голем хит „Doo-Wop (That Thing)“ од 1998 година.

 

 



Врати се горе ↑