Видео lrd

12 март, 2017

Лорд претстави уште една песна од новиот албум

После пауза од речиси 4 години, новозеландската ѕвезда Лорд неодамна се врати на сцената со синглот „Green Light“, најавувајќи го своето второ студиско издание насловено „Melodrama“, а во рамките на вчерашното гостување во популарната емисија „Сабота навечер во живо“, таа претстави уште една песна од претстојниот албум.

Облечена како невеста, 20-годишната пејачка ја отпеа баладата Liability, во придружба на колегата Џек Антоноф, со кого работеше на речиси сите песни од претстојното издание, закажано за 16 јуни, а нивниот настап можете да го погледнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑